Подгответе се: Познато е кога тргнува исплатата на парите од МОЈ ДДВ!

Исплатата на повратот на ДДВ за скенирање фискални сметки за вториот квартал од 2025 година (април–мај-јуни) според законски пропишаните рокови треба да биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година, односно шеесет дена по завршувањето на второто тримесечје, објави Centar.mk.
Доколку сте ги исполниле условите и сте скенирале фискални сметки, а воедно податоците за трансакциска сметка се точни и ажурирани, подготвените средства ќе бидат префрлени автоматски по обработката.

Во претходните исплати (за првиот квартал), како и за четвртиот квартал од 2024 година, се покажа дека најчести причини за одложување биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“, наведува Centar.mk.

Што да направите за да ја добиете исплатата без проблеми:
Проверете дали сите сметки се евидентирани успешно во апликацијата „МојДДВ“.

Осигурајте се дека вашата трансакциска сметка е точно внесена и активна во системот на УЈП.

Следете ги официјалните соопштенија на УЈП и известувањата во апликацијата за актуелности се вели во информацијата на Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Мекдоналдс изгуби уште еден случај

BiznisPRO

Добра вест за Македонците кои ќе заминат во Хрватска на гурбет: Голем број работодавци ги зголемуваат платите

BiznisPRO

ФОРУМ НА МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ: Зелени вештини за добро платени работни места

BiznisPRO