фото Бизниспро

„Парите доаѓаат! Еве кога Германците ќе ги добијат зголемените плати“

Вработените со нетрпение очекуваа да ја почувствуваат одлуката за покачување уште од април, но исплатата доцнеше. Сега синдикатите потврдуваат: чекањето завршува – зголемувањето е на пат.

Во Германија наскоро ќе почне исплатата на зголемените плати за голем број вработени во јавниот сектор. Околу 2,5 милиони лица се опфатени со договорот кој предвидуваше зголемување на платите за три проценти, почнувајќи од април 2025 година. Иако договорот беше постигнат уште пред неколку месеци, најголем дел од работниците досега не ги видоа дополнителните средства на своите сметки.

Зошто се доцнеше со исплатата?
Синдикатот за образование и наука (GEW) објаснува дека причината за доцнењето се т.н. редакциски преговори. Во овој процес, преговарачките страни мора да се усогласат околу точната формулација на измените во колективниот договор. Според претставници на GEW, работодавачите го искористиле овој период за да извршат дополнителен притисок и да се обидат да протуркаат свои измени, иако тоа значеше одлагање на зголемувањето на платите.

Синдикатите го издржаа притисокот
На крајот, договорените услови останаа непроменети. Синдикатот ver.di и другите учесници во преговорите успеаја да обезбедат доследно спроведување на договореното. GEW во својот последен извештај потврди дека примената на новите скали на плати конечно се приближува кон целосна реализација.

Исплатата ќе биде ретроактивна
Според договорот, зголемувањето ќе важи со ретроактивен ефект од април 2025 година. Тоа значи дека на вработените ќе им бидат исплатени и заостанатите средства. Сепак, времето на реална исплата ќе зависи од одлуките на општините.

Здружението на општински работодавачи (VKA) предупредува дека е потребно време за административна обработка, па е можно целосните исплати да се реализираат дури кон крајот на јули.

Можеби ќе ве интересира...

Самит на Македонија 2025 на 15 и 16 мај – Фокус на иницирање промени и иновации во југоисточна Европа

BiznisPRO

Тесла се плаши од американските царини

BiznisPRO

Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

BiznisPRO