Добра вест: Поевтинуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат,
односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната плата во Македонија изнесува 45.796 денари

BiznisPRO

МЕМО започнува со издавање Гаранции за потекло на електрична енергија во април

BiznisPRO

ЕБОР инвестираше ЕУР 151 милиони во 2024 година во Северна Македонија

BiznisPRO