фото Бизниспро

Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – септември 2025 година во споредба со периодот јануари – септември 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368 279.8 милиони денари и бележи пораст од 2.09 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 523 204.2 милиони денари, што е за 3.59 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.6 % во вкупната размена.

Можеби ќе ве интересира...

Пензиите во март ќе пораснат за уште 2.500 денари, а еве колку би се покачила минималната плата

BiznisPRO

Курсна листа за 29 јануари 2025

BiznisPRO

Признаниja за визионерство и лидерство: ВВ „Тиквеш“ прогласена за најкомпанија во регионот и Награда за Животно дело доделена на Светозар Јаневски

BiznisPRO