Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

Регионалната рамнотежа на минималните плати ќе има нов изглед од 1 јануари 2026. Србија официјално ја подигнува нето-минималната заработка на 64.554 динари (околу 551 евро), Албанија ја крева платата на 515 евра, Бугарија ја заклучува целта на 620 евра, а Косово преку двоетапно прилагодување ќе стигне до 500 евра во текот на 2026. Во оваа споредба, Северна Македонија во моментов останува единствена во соседството со нето-минимална плата под 500 евра.

Во косовскиот пример, растот ќе оди во две фази: прво 425 евра од јануари 2026, а од јули истиот ќе биде коригиран до 500 евра.

Белград веќе ја формализираше сумата од 64.554 динари како нов минимум од 1 јануари 2026.

Во Албанија целта за 2026 е дефинирана на 50.000 лек, при што е најавено дека наредните 18 месеци по зголемувањето нема да има нови фискални оптоварувања.

Во Бугарија владата се одлучи за 620 евра од 1 јануари 2026.

Во Северна Македонија нето-минималецот од март 2025 е фиксиран на 24.379 денари односно неполни 400 евра, а најави за нови цифри за 2026-та нема.

Синдикатите уште на почетокот на годинава бараа 500 евра плата, која ионака не е прениска во однос на галопирачката инфлација и неверојатно високите цени на храната, пијалоците и други основни продукти, пишува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Финансиската писменост е важна животна вештина за сите

BiznisPRO

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

BiznisPRO

Почесна диплома за Светозар Јаневски од Меѓународната федерација на вински братства за значајни достигнувања во винската индустрија

BiznisPRO