Во септември 2025 година 132 999 туристи оствариле 262 686 ноќевања.

Во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, информира Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6 %.

Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 % така што кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските има зголемување за 7.0 %.

Можеби ќе ве интересира...

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ, СИНДИКАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА УЛИЦА: Министерот за економија потврди дека платата ќе се усогласува согласно законот

BiznisPRO

Курсна листа за 11 март 2025

BiznisPRO

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

BiznisPRO