Управата за јавни приходи доби ISO 9001:2015 сертификат за квалитет во работењето

Сертификациската компанија INTERCERT официјално го врачи сертификатот за ISO 9001:2015 на Управата за јавни приходи (УЈП). Со ова признание се потврдува усогласеноста на институцијата со највисоките меѓународни стандарди за управување со квалитет и се зајакнува позицијата на УЈП како современа и ефикасна институција во служба на граѓаните и деловната заедница.

Сертификатот го прими директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, која истакна дека процесот на стандардизација не е само техничка обврска, туку системски пристап што ја засили организациската култура, ја подобри координацијата и ја потврди решителноста на институцијата да работи според највисоки стандарди. Директорката нагласи дека сертификатот е признание за ангажманот на сите вработени, но и потсетник дека обврските продолжуваат со континуирано подобрување, редовни ревизии и одржување на поставениот квалитет.

Сертификацијата обезбедува доверба кај граѓаните, деловната заедница и партнерите дека процесите на УЈП се транспарентни, ефикасни и усогласени со најдобрите меѓународни практики. Со добивањето на ISO 9001:2015 сертификатот, Управата за јавни приходи ќе обезбеди поефикасна организација и управување со процесите, подобрена услуга и поголема транспарентност, зголемена доверба и кредибилитет, како и модернизација на даночните постапки.

Можеби ќе ве интересира...

Пензиите во март следната година ќе скокнат за уште 2.500 денари, но колку ќе се покачи минималната плата?

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO

Зошто е потребна посебна полиса за осигурување на имот покрај хипотекарната полиса?

BiznisPRO