„Доста беше!“ – Работниците бараат минимална плата до 700 евра!

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како единствен репрезентативен синдикат во државата, на 11 и 12 ноември 2025 година, спроведе Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија, соопшти Сојузот на Синдикатите на Македонија.

Целта на оваа анкета е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период.

Со репрезентативен примерок од 1613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часови, Анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати:

На прашањето Колку треба да изнесува минималната плата, од 1613 одговори 45,2% сметаат дека минималната плата во Македонија треба да се зголеми на 600 евра, 42% од испитаниците сметаат дека истата треба да изнесува над 700 евра, а 12,8% од испитаниците сметаат дека минималната плата во Македонија треба да изнесува 500 евра.

99,5% од испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) сметаат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година.

52,8% од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) доколку не се зголеми минималната плата се спремни да протестираат, а 47,2% се спремни да штрајкуваат, односно сите испитаници сметаат дека доколку не се зголеми минималната плата треба и да се протести и да се штрајкува.

Заклучокот од Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија е дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку потреба на работниците во Македонија, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Можеби ќе ве интересира...

Поскапи и струјата

BiznisPRO

Зајакната меѓународна соработка: УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање

BiznisPRO

Струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

BiznisPRO