Завршена сопственичката консолидација на М-6 ДОО

Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје.

По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски.

Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети сите договорни обврски поврзани со преносот на уделите, со што е официјално комплетиран процесот на сопственичка консолидација.

М-6 ДОО Скопје е мнозински сопственик на Винарската визба „Тиквеш“, „Охрид Турист“, како и на повеќе други правни субјекти во земјава.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионерите ќе добијат ново покачување од 2.500 денари следната пролет, а од наесен доаѓа системско усогласување

BiznisPRO

УЈП објави листа на должници со имиња на луѓе и фирми – Еве кој колку должи за данок

BiznisPRO

Apple ќе мора да им исплати на корисниците на некои од старите iPhone уреди повеќе од 300 евра: Ова е причината

BiznisPRO