Амбасадорот на Швајцарија, Зомер, во посета на ТИТАН Усје: Размена на искуства и добри практики за циркуларната економија

Најновите практики во циркуларната економија и напредните системи за управување со отпад беа во фокусот на посетата на Неговата Екселенција Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во земјава. ТИТАН Усје е еден од пионерите во земјава во примена на принципите на циркуларната економија и континуирано инвестира во нејзино унапредување. Амбасадорот Зомер имаше прилика да се информира и за процесите за декарбонизација, како и за активностите што компанијата ги реализира во насока на зелена и одржлива транзиција на индустријата.

Главниот извршен директор Константинос Николау ги презентираше искуствата на компанијата и напредните технологии во користењето на алтернативни горива од фракции од отпад и иновациите што се дел од секојдневните операции на ТИТАН Усје.

„Како членка на меѓународната групација ТИТАН, одржливоста во компанијата се негува како суштински дел од нашиот идентитет и корпоративна култура. Наш приоритет е имплементирање на најдобрите практики и иновативни решенија во областа на декарбонизацијата и управувањето со отпадот. ТИТАН Усје е една од првите компании во земјата која ги примени принципите на циркуларната економија, а истовремено постојано работиме на нивно унапредување. Оваа посета е можност за зајакнување на партнерствата, но и за поголема соработка и размена на искуства кои придонесуваат кон подобра животна средина и одржлива иднина. Ние сме подготвени да ги споделиме нашите искуства и да помогнеме што повеќе ентитети да започнат со примена на овие принципи, бидејќи така општеството ќе има поголеми придобивки“, потенцира Николау.

Во рамките на посетата беше презентирана и постројката за алтернативни горива, една од првите од овој вид во земјата. Употребата на алтернативните горива во голема мерка придонесува за поголема декарбонизација во земјата.

Користењето на отпад и преработки од отпад како алтернативно гориво во цементната индустрија е светски потврдена праска коjа се применува повеќе од 50 години во ЕУ и САД. Во моментов над 40% од енергенсите што се користат во цементната индустрија во Европската унија и другите земји доаѓаат од алтернативни горива кои потекнуваат од отпад. При посетата, амбасадорот Зомер ги истакна искуствата од оваа област во Швајцарија и истакна:

„Примената на нови технологии базирани на принципот на одржливост мора да биде приоритет. Токму циркуларната економија и практиките кои се применуваат во рамките на овој концепт се одлична основа за суштинска промена во начинот на водење на бизнисите и во начинот на живот. Во мојата земја овие практики имаат широка примена и навистина ми е драго што гледам дека постојат и тука иницијативи, што упатува на можност за соработка за поголем напредок“.

Компанијата ги презентираше инвестициите направени во модернизација, дигитализација и иновативни процеси, кои овозможуваат зголемена енергетска ефикасност, намалена потрошувачка на ресурси, како и значително редуцирање на емисиите на CO₂. Амбасадорот Зомер ја поздрави посветеноста на компанијата на принципите на одржливост и нејзината улога во промовирањето на еколошки одговорни индустриски стандарди во земјата.

ТИТАН УСЈЕ, која годинава одбележува 70 години постоење, континуирано инвестира во напредни технологии и системи за оптимизација. Годинава компанијата ја доби и највисоката меѓународна потврда за управување со отпад – Zero Waste to Landfill Platinum Certificate.

Можеби ќе ве интересира...

Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга: Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“

BiznisPRO

Споделувај внимателно: Кампања на Телеком за заштита на децата на интернет 

BiznisPRO

Охрид Мол – се збогатува со нови модни брендови и содржини 

BiznisPRO