Поради неисполонување на хигиенски услови, затворени 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.

Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса.

Решенијата за времена забрана на вршење на дејност ќе останат на сила се до исполнување на потребните услови за работа.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 7.10.2024

BiznisPRO

Доделени наградите по повод Конкурсот за Денот на штедењето

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите на 23 јануари 2025?

BiznisPRO