Втор донаторски Празничен базар во организација на вработените на ЕВН Македонија

Во духот на новогодишните празници и солидарноста, во дирекцијата на ЕВН Македонија се одржа вториот донаторски Празничен базар, овојпат под мотото „Празниците се поубави кога споделуваме“. Настанот повторно беше реализиран по идеја, иницијатива и организација на вработените во компанијата.
Како и при претходното издание, на базарот му претходеше собирање донации во материјални добра од страна на вработените, кои за време на настанот беа откупувани од нивните колеги. На базарот беа продадени над 200 предмети, меѓу кои облека, покуќнина и рачни изработки. Собраните парични средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Покрај оваа иницијатива, ЕВН Македонија и годинава, традиционално во пресрет на новогодишните празници, реализираше донации кон Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква.

ЕВН Македонија останува посветена на својата општествена одговорност и континуирано вложува во иницијативи кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Компанијата поддржува различни проекти насочени кон помош и поддршка на ранливите категории граѓани.

фото ЕВН Македонија

Можеби ќе ве интересира...

ССМ: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

BiznisPRO

НОВА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Кој колку должи за данок?

BiznisPRO

Добра вест за Македонците кои ќе заминат во Хрватска на гурбет: Голем број работодавци ги зголемуваат платите

BiznisPRO