Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата.

Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на системот, кое го добива само една земја – онаа што покажала доследно остварување на врвни резултати во повеќе стратешки категории, меѓу кои задоволството на потрошувачите и вработените, оперативната ефикасност, иновациите и развојот на таленти, како и застапеноста на жените на лидерски позиции.

Со освојувањето на ова признание, Пиварa Скопје го потврдува континуитетот на високи перформанси и силната корпоративна култура што ја позиционира компанијата меѓу најуспешните во системот на Coca-Cola HBC и на македонскиот пазар. Особено значајно е што оваа награда традиционално ја освојуваат бизнис-единици кои работат на големи и силни пазари како Нигерија, Бугарија и Србија, што дополнително ја нагласува вредноста на овој извонреден успех на Пивара Скопје и воедно претставува силна потврда за квалитетот на работата на компанијата.

Ова високо меѓународно признание е резултат на заедничката посветеност, професионалност и тимски дух на сите вработени во Пивара Скопје. Тоа претставува потврда за силата на тимот на Пиварa Скопје, кој со својата енергија, знаење и истрајност ја води компанијата напред и ја зацврстува нејзината позиција како еден од водечките бизнис енетитети на македонскиот пазар. Истовремено, ова признание e мотив да се продолжи со уште поголема посветеност кон иновации, континуиран одржлив раст и развој и создавање вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата, велат од Пивара Скопје.

ПР фото

Можеби ќе ве интересира...

Повторно порасна минималната кошничка, за “животарење” на едно семејство потребни се 65.328 денари

BiznisPRO

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2025 година е намалено за 4.3 % во однос на третото тримесечје од 2024 година

BiznisPRO

Димитриеска-Кочоска: Системот Е-фактура сериозен чекор во борбата со сивата економија и реформа во јавните финансии

BiznisPRO