Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион.

„Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, посочи министерот.

Тој истакна дека откупната цена е задоволителна за земјоделците, воедно најави дека Инспекторатот ќе продолжи внимателно да го следи процесот, со цел да се обезбеди фер и непречен откуп.

Можеби ќе ве интересира...

Поделени 493 милиони денари за зелена нафта, оваа мерка од наредната година ќе претрпи измени за да биде поефективна

BiznisPRO

Од скопско ,,тобако,, уништени околу 2 тони небезбедна храна

BiznisPRO

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесуваат 5.2 милијарди денари

BiznisPRO