Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.0 %, извести ДЗС.
Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, бележи пораст од 19.5 %, додека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на периодот јануари – февруари 2025 година, бележи опаѓање од 3.7 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пораст од 0.8 %, додека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на периодот јануари – февруари 2025 година, бележи опаѓање од 2.4 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пораст од 2.2 %, додека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на периодот јануари – февруари 2025 година, бележи опаѓање од 4.1 %.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
