Мицкоски со убава вест за граѓаните: Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник

Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник, според пресметките на Владата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, но сепак рече крајниот збор го има Регулаторната Комисија која инаку секој прв работен ден во неделата, во случајов понеделник на редовна седница одлучува по новите цени на горивата, кои пак почнуваат да важат во вторник.

-Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај на дизелот и безоловните бензини се движеше меѓу 1.000 и 1.200 долари за барел. Преговараме со „Окта“ да видиме како ќе биде. Можеби од таму да добиеме дополнителен попуст барем за првата половина на јуни. Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денара, 6 до 6,5 денара. Отприлика ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како како ќе направи пресметка регулаторна, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку на светските берзи нафтата бележи опаѓање, па така вти круд се продава за 87 долари за барел, додека лондонски брент за 91 долар за барел.

Можеби ќе ве интересира...

30 ГОДИНИ ДАНСКИ КОНЗУЛАТ И ОРДЕН ВИТЕЗ ОД ПРВА КЛАСА НА РЕДОТ НА ДАНСКОТО ЗНАМЕ ЗА МУКАЕТОВ

BiznisPRO

Halk EZ – банкарски пакет со музички идентитет кој ги одразува темпераментот и бунтовноста на младите

BiznisPRO

Значително поскапување на дизелот – лоши вести за возачите

BiznisPRO