ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар: Компанијата воведува попуст од 2 денари за бензините

Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година.

Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот пазар врз домашниот пазар на горива.

Попустот ќе важи за трговците кои работат на продажба на големо и мало и набавуваат бензин од ОКТА. Со оваа мерка компанијата им овозможува поддршката да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на крајните потрошувачи. Како и досега, големопродажните и малопродажните трговци самостојно ќе ги утврдуваат своите крајни малопродажни цени, во согласност со нивните комерцијални политики и пазарните услови.

Вкупно, се очекува придонесот на Компанијата за поддршка на пазарот да надмине 7 милиони евра. Истовремено, ОКТА останува посветена на обезбедување сигурно и непречено снабдување со горива, притоа зачувувајќи ја долгорочната стабилност на своето работење и синџирот на снабдување.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Биткоинот бележи рекордна вредност во исчекување на потврда за победата на Трамп

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 1.2 %

BiznisPRO