АЛАРМАНТЕН ТРЕНД: Бројот на живородени деца во 2025 година повторно е намален

Во 2025 година се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени, информира Државниот Завод за Статистика.

Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1 531.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31.7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.8 години, а на прворотките 28.2 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.

Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца.

Можеби ќе ве интересира...

Дали денес треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 4 ноември 2024

BiznisPRO

ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи

BiznisPRO

Големи промени ги очекуваат корисниците на оваа картичка: Еве што укинуваат

BiznisPRO