Во април 2026 година 97 358 туристи оствариле 174 649 ноќевања

Во април 2026 година, од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти ДЗС.

Бројот на ноќевањата во април 2026 година изнесува 174 649, од кои 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %.

Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има зголемување за 0.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

ЕВН Македонија го одбележа Денот на Никола Тесла

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во вторник? – Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија

BiznisPRO

Амбасадорката Дрекслер го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово – пример за современа германска инвестиција и одржлив развој

BiznisPRO