фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 % во април 2026 година во однос на април 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година во однос на април 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година, во однос на март 2026 година, бележи опаѓање од 1.8 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 0.2 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4.5 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 2.0 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 8.7 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи опаѓање од 0.2 %.

Можеби ќе ве интересира...

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 12,5 %, извоз од 106,9 милиони евра и инвестиции од 11 милиони евра во периодот јануари – јуни 2024 г.

BiznisPRO

Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – април 2026 година во споредба со периодот јануари – април 2025 година

BiznisPRO

ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ВО НАЈАВА: Дизелот би можел да поевтини и до 7 денари!

BiznisPRO