Падна одлука во РКЕ: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,178%, кај дизелот за 4,441%, кај екстра лесното масло за 5,099%  и кај мазутот намалувањето е за 3,635%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5395%.

РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата.

Од 16.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 95                          87,50  (денари/литар)

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 98                          90,00  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      87,50  (денари/литар)

Масло за горење            Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        86,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                46,223 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,074 ден/кг и сега ќе изнесува 46,223 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

ИСОС: Јакнењето на сметководствената професија ќе донесе дополнителни придобивки и за микро, малиот и средниот бизнис

BiznisPRO

Осмо издание на престижниот вински салон – Винодонија

BiznisPRO

Регулаторна утврди нови цени на горивата

BiznisPRO