Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.4 % во бруто-додадената вредност во 2024 година

Во 2024 година, 69 089 пазарноориентирани деловни субјекти1) реализирале промет од 2 166 693 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 497 031 милион денари, објави ДЗС.

Најголем промет од 40.3 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.2 %.

Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.4%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.1 %, Градежништвото со 10.9 % и Информациите и комуникациите со 9.0 %.
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен И, Љ и О94.

Можеби ќе ве интересира...

Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред Велигденските празници

BiznisPRO

Пак поскапуваат горивата

BiznisPRO

Курсна листа за 5.11.2024

BiznisPRO