ДРЖАВАТА ДЕЛИ ДО 10.000 ЕВРА ЗА ПОЧНУВАЊЕ НА СОПСТВЕН БИЗНИС: Аплицирањето почна, објавени условите и начинот за пријава!

Агенцијата за вработување објави нов јавен оглас за програмата „Самовработување“, преку која ќе се поддржат лица што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Пријавувањето се врши во 30-те центри за вработување низ земјата и ќе трае до 3 јули. Од Агенцијата информираат дека изборот на кандидатите ќе се спроведува во повеќе фази, со цел поддршката да ја добијат најквалитетните бизнис идеи и планови.

Финансиската помош се доделува како грант за отворање и стартување бизнис. За лица постари од 29 години поддршката изнесува 7.000 евра, додека младите до 29 години може да добијат 10.000 евра.

Доколку повеќе корисници се здружат и основаат ДОО, грантот може да достигне до 20.000 евра, во зависност од целната група.

Повеќе информации се достапни преку објавениот оглас на Агенцијата за вработување.

Линкот е достапен на следната страница

Можеби ќе ве интересира...

Вртогалви трошоци за живот: Германија стана СТРАШНО СКАПА за сите работници, трошоците за живот во Македонија пониски за половина од тие во Германија

BiznisPRO

Амбасадорката Дрекслер го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово – пример за современа германска инвестиција и одржлив развој

BiznisPRO

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во среда? – Курсна листа за 30.10.2024

BiznisPRO