Во 2025 година, во однос на 2024 година, обработливата површина под органско земјоделско производство е зголемена за 24.6 %

Во 2025 година со органско земјоделско производство се занимавале 931 производител, соопшти ДЗС.

Во истиот период се регистрирани 5 145 хектари обработлива површина, од кои
1 902 хектари се површини на органско производство во преод.

Житните култури зафаќат најголем дел од површините под органско производство, и тоа со 2 444 хектари, што претставува 47.5 % од вкупната површина.

Во 2025 година, во споредба со 2024 година, површините под органско производство на житни култури се зголемени за 31.3 %. Зголемување на површините е забележано и кај индустриските и фуражните култури, како и кај овошките, додека намалување на површините е забележано кај зеленчукот и кај грозјето.

Вкупниот број органски говеда изнесуваа 9 546 грлa и во однос на 2024 година е зголемен за 1.1 %. Зголемување е забележано и кај органските овци, за 9.4 %, како и кај органските кози за 0.3 %.

Производството на органски мед во 2025 година е зголемено за 13.1 % во однос на
2024 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 2.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот потона за 5 отсто – Потегот на Трамп не даде резултати, крипто светот во разочарување

BiznisPRO

ОКТА: Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година

BiznisPRO

НА ЧЕКОР ДО НОВ РЕКОРД: Цената на биткоинот надмина 73.000 долари за прв пат од март

BiznisPRO