Во јуни 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 381 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2026 година, изнесуваше 48 381 денар, соопшти ДЗС.

Во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 6.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 % и Транспорт и складирање за 8.0 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.0 %, Уметност, забава и рекреација за 6.2%, и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9%.

Во јуни 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 72 785 денари.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со советодавна посета на пазарот на ракотворби во ГТЦ и на закупувачи на штандови на Виноскоп во Скопје

BiznisPRO

Пензионерот прво оди во аптека, па во маркет: Каде завршува пензијата уште првата недела?

BiznisPRO

Слободни работни места, прво тримесечје 2025 година

BiznisPRO