Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2026 година изнесуваше 72 935 денари, соопшти ДЗС.
Ова значи дека фирмите за да исплатат една просечна нетп плата требало од своите сметки да ја издвојат оваа сума за еден работник кој би зел просечна плата од 48.499 денари.
Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.1 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.8 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.5 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.8 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.6 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2.7 % и Градежништво за 2.1 %.
Во јули 2026 година пак просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 499 денари
