НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ НА МАКЕДОНИЈА 4,76 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Зголемен за 30 милиони евра во вториот квартал

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во вториот квартал од 2026 година.

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на вториот квартал од 2026 година:

На 30.6.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.763 милиони евра (или 25,9% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 30 милиони евра (0,6%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58,2%.
Во текот на вториот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 134 милиони евра и изнесува 8.986 милиони евра, што претставува 48,9% од проектираниот БДП за 2026 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2026/Soopstenie_Dolg_MIP_kv2_2026_novo_m.pdf

Можеби ќе ве интересира...

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании 

BiznisPRO

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

BiznisPRO

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

BiznisPRO