ИНДУСТРИЈАТА ГУБИ РАБОТНИЦИ: Бројот на вработени во август паднал за 3 отсто

Бројот на работниците во индустријата во август бил за три проценти помал отколку во истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголем пад има во рударството и вадењето камен – осум проценти, додека во преработувачката индустрија бројот на работници е намален за 2,8 проценти. Единствен раст од 0,7 проценти е забележан во снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа. Во периодот јануари–август вкупниот пад изнесува 2,8 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Програма на неработни денови за 2025 година

BiznisPRO

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Една од најпознатите банки и најопштествено одговорни компании ги исплати зголемените пензии предвреме

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO