МОЖНО РЕСТАРТИРАЊЕ НА „ОКТА“: Се проверува дали рафинеријата повторно може да произведува дизел

Владата и раководството на „ОКТА“ ја разгледуваат можноста за повторно активирање на производниот процес во рафинеријата, која не работи од 2012 година.

Премиерот Мицкоски вели дека се прави техничка проценка за тоа дали и за колкав период производството може повторно да биде активирано. Како важен фактор се посочува продуктоводот што ја поврзува рафинеријата со Солунското пристаниште. Според информациите од трговците, во моментов не се очекува недостиг на дизел.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 27 февруари 2025

BiznisPRO

Курсна листа за 14 декември 2024

BiznisPRO

Раст на бројот на издадени одобренија за градење – ќе се градат 759 станови

BiznisPRO