Вкупниот промет во индустријата во август бил за 8,8 проценти повисок во споредба со истиот месец минатата година. На странските пазари растот достигнал 11,2 проценти, а на домашниот 4,4 проценти.
Најсилен раст има кај моторните возила и приколките, машините и капиталните производи. Сепак, во однос на јули вкупниот индустриски промет е намален за 16,3 проценти.
