Министерството за енергетика и KfW ја продолжуваат соработката за поддршка на стратешките енергетски проекти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини оствари работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани можностите за продолжување и унапредување на соработката во енергетскиот сектор.

Во фокусот на разговорите беа можностите за вклучување на KfW во поддршката на нови проекти и активности во текот на следната година, како и прегледот на тековните проекти, нивната реализација и досегашниот напредок.

Посебно внимание беше посветено на можностите за обезбедување техничка помош и експертска поддршка за потребите на Министерството, со цел зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на процесите за планирање и реализација на стратешките енергетски проекти.

Министерството за енергетика останува посветено на развивањето партнерства со меѓународните финансиски институции, кои придонесуваат за модернизација на енергетскиот сектор, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на енергетската транзиција.

Соработката со KfW претставува значајна основа за разгледување нови можности за инвестиции, размена на експертски знаења и поддршка на проекти од стратешко значење за енергетскиот систем на државата.

фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Можеби ќе ве интересира...

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството

BiznisPRO

ВАЖНО ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ: Утре се очекуваат новите цени на бензинот и дизелот

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO