НАФТАТА НА НАЈВИСОКО НИВО ОД 2022 ГОДИНА – Брент достигна 116 долари, нов притисок врз цените на горивата

Цените на суровата нафта продолжија да растат поради зголемениот страв од нова воена ескалација на Блискиот Исток.

Референтната нафта Брент достигнала 116,20 долари за барел, што е највисоко ниво од јуни 2022 година.

Американската нафта WTI истовремено достигнала 102,50 долари за барел. Нагорниот тренд е поврзан со неизвесноста околу снабдувањето и заканите од дополнителни воени операции против Иран. Пазарите внимателно ги следат потенцијалните нарушувања на транспортот на нафта низ Блискиот Исток.

За Македонија, која зависи од увоз на нафтени деривати, повисоките меѓународни цени претставуваат можен дополнителен притисок врз трошоците за гориво и транспорт. Сепак, промените на домашните малопродажни цени зависат од методологијата и одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, а не директно од една дневна берзанска котација.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на пелетите стигнаа до 399 денари: Кое греење се исплати?

BiznisPRO

Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, очекуваме дополнително намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи

BiznisPRO

Колку ќе чинат валутите во среда – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO