УЈП ГИ ПРОВЕРУВА ПАРИТЕ ПРИМЕНИ ОД СТРАНСТВО – Граѓаните добиваат известувања за приходи од 2021 година, но не секој прилив се оданочува

Управата за јавни приходи започнала проверки на податоците добиени од банките за приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година. До физичките лица за кои располага со информации дека оствариле доход во тој период, Управата испраќа персонализирани известувања со повик да ги исполнат законските даночни обврски. Доколку граѓаните не постапат доброволно, УЈП најавува преземање мерки во рамките на своите надлежности за утврдување на данокот.

Меѓу приходите што можат да подлежат на оданочување се плати и хонорари од странство, фриленсерски услуги, приходи од издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking, капитални добивки, дивиденди, авторски права и други законски дефинирани категории доход. Сепак, даночниот третман зависи од природата на приходот и од применливите законски ослободувања.

Од Управата посебно нагласуваат дека парите добиени како подарок, семејна поддршка или позајмица не стануваат автоматски оданочиви само затоа што пристигнале од странство. Истото важи и за трансферите преку Western Union, Ria и MoneyGram, кај кои треба да се утврди вистинскиот основ на приливот. Граѓаните треба да ги проверат своите обврски и, доколку е потребно, да поднесат електронска даночна пресметка.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 10-ти мај 2025

BiznisPRO

Бруто платата во просек достигна изнесува 62.573, нето 41.585 денари

BiznisPRO

Огревното дрво останува најзастапен енергент за греење, а кај електричните уреди се издвојуваат клима-уредите инвертери и топлинските пумпи како поефикасни технологии за греење и догревање

BiznisPRO