Свет

ГОЛЕМА НЕДЕЛА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ – Се очекуваат финансиски резултати од 180 фирми

Американската берза влегува во особено важен период за објавување квартални финансиски резултати. Според податоците пренесени од Investopedia, во текот на оваа недела треба да известуваат околу 180 компании од индексот S&P 500.

Меѓу најочекуваните извештаи се оние на Alphabet, Microsoft и Amazon. Инвеститорите ќе ги анализираат приходите, трошоците и плановите за понатамошни вложувања, особено во инфраструктура за вештачка интелигенција.

Досегашните резултати покажуваат дека повеќе од 80 проценти од компаниите што веќе известувале ги надминале прогнозите за добивката. Сепак, тоа не гарантира дека и преостанатите компании ќе остварат слични резултати.