ПРОМО

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ – Министерствата подготвуваат мерки

Работна група со претставници на повеќе министерства и Регулаторната комисија за енергетика подготвува правилник поврзан со електричните автомобили. Паралелно се разгледуваат мерки за поттикнување на електромобилноста.

Министерот за транспорт Александар Николоски најавил нов состанок со компаниите од секторот во наредните две до три недели. Засега не се утврдени конечните услови и можните финансиски поволности.