ПРОМО

ГАСОВОДОТ КОН ГРЦИЈА НАПРЕДУВА – Се подготвува и поврзување со Србија

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција продолжува, додека Македонија подготвува и инфраструктурно поврзување со Србија. Според податоците објавени од Министерството за енергетика, за проектот со Грција се испорачани 64 километри цевки, а заварени се 43 километри.

Целта е поголема диверзификација на изворите на природен гас и посигурно регионално снабдување. Завршувањето на инфраструктурата, сепак, не гарантира само по себе пониска цена на гасот.