ТелекомуникацииТОП ВЕСТИ

Продолжува трендот на раст на Македонски Телеком на крајот на првите девет месеци на 2026 година

Македонски Телеком го продолжи трендот на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првите девет месеци на 2026 година.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првите девет месеци на 2026 изнесуваат 1.474  милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,8 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 5,0 проценти. Зголемени се и приходите од продажбата за 6,3 проценти.

 

Развој на првата 5G+ мрежа во Македонија  

Македонски Телеком ја постави првата 5G+ мрежа во Македонија, со што започнува нова ера во развојот на мобилните услуги. Станува збор за најголемата промена во мобилните мрежи во последната деценија и нова технолошка основа што ќе овозможи пофлексибилна и поперсонализирана конекција.

Продолжува ширењето и на оптичката инфраструктура со која покриваме 393 илјади пристапи до оптика, што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и за 9 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. 5G мрежата покрива 97,9% од населението со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата.

Раст на бројот на корисници во сите сегменти

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе  зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,1 проценти и изнесува 231 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 2,7 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 0,9 проценти и изнесува 1,348 милиони.

Во фиксната телефонија останавме на водечката позиција со 243 илјади корисници. На ТВ пазарот имаме лидерска позиција со удел од 38,9 проценти, со раст од 5,3 проценти или 175 илјади корисници на крајот на првите девет месеци на 2026 година.

Со нашата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 477. 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

фото извор: ПР илустрација на Македонски Телеком