БанкарствоТОП ВЕСТИ

БАНКАРСКИ ПОТРЕС ВО СРБИЈА: Одземена дозволата на Алта банка во Србија

Народната банка на Србија донесе одлука со која ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка од Белград, поради сериозно влошување на финансиската состојба и зголемени ризици за клиентите. Според информациите објавени на 31 октомври, претходните надзорни мерки не довеле до потребното подобрување на ликвидноста, поради што српскиот регулатор одлучил да интервенира.

Одлуката предвидува понатамошна постапка во која Агенцијата за осигурување депозити треба да биде назначена за стечаен управник. Најавено е овозможување исплата на осигурените депозити во рок од седум работни дена, во согласност со српските законски прописи.

Случајот има значење и за Македонија, бидејќи белградската Алта банка е мнозински сопственик на поранешната Стопанска банка Битола, која сега работи под името Алта банка АД Битола. Одлуката на српскиот регулатор се однесува на банката во Белград и сама по себе не значи дека е одземена дозволата на македонската банка.