Светските цени на суровата нафта денеска бележат значителен пад по информациите за можност од продолжување на дипломатските разговори меѓу САД и Иран.
Во претпладневниот пазарен пресек брентот се намалувал за повеќе од четири проценти, приближувајќи се кон 108 долари за барел. Движењето следува по период на силни ценовни притисоци.
За увозните економии, поевтинувањето може да биде поволен сигнал за идните трошоци, но еднодневна промена на суровата нафта не значи автоматско намалување на малопродажните цени на горивата.
