ПРОМО

АРАМКО СО ПОВИСОКА ПРИЛАГОДЕНА ДОБИВКА – Во третиот квартал достигна 31,2 милијарди долари

Саудиската енергетска компанија Арамко денеска објави прилагодена нето-добивка од 31,2 милијарди долари за третиот квартал од 2026 година. Тоа е раст од околу девет отсто во споредба со 28,6 милијарди долари во истиот период лани.

Оперативниот паричен тек изнесувал 38,7 милијарди долари, а слободниот паричен тек 28,2 милијарди. Компанијата најави основна дивиденда од 21,9 милијарди долари, која треба да биде исплатена во четвртиот квартал.

Раководството посочи дека разгледува алтернативни извозни правци и дополнителни можности за складирање, во услови на безбедносни ризици за енергетската инфраструктура.