Регион

ПРЕДЛОЖЕН РЕБАЛАНС ВО ЦРНА ГОРА – Речиси 13 милиони евра за пензионери и дополнителни средства за здравството

Министерството за финансии на Црна Гора денеска го претстави предложениот ребаланс на буџетот за 2026 година. Со него се предвидуваат речиси 13 милиони евра за еднократна помош на пензионерите и дополнителни 25 милиони евра за здравствениот систем.

Предлогот вклучува и повеќе од 21 милион евра за субвенции на работодавачи што вработуваат лица со попреченост. Во здравството е нагласена достапноста на современи терапии и лекувањето пациенти со ретки болести.

Министерството ја зголемило проекцијата за економски раст од 3,1 на 4 проценти. Буџетските приходи за првите девет месеци, според објавените податоци, достигнале 2,32 милијарди евра, односно 10,3 проценти повеќе од истиот период лани.