МакедонијаТОП ВЕСТИ

ОД ДЕНЕСКА ПОВИСОК ЛИМИТ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ – 15.000 денари неделно и шалтери во два нови града

Од понеделник, 9 ноември, стапуваат во примена најавените олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, која работи под привремена администрација на Народната банка. Неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежни картички се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Во Тетово и Струмица е најавено отворање шалтери наменети за клиентите што немаат платежни картички.

Преку овие шалтери е предвидена можност за подигање до 20.000 денари во рамките на утврдениот двонеделен период. Посебно олеснување важи за новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери од исплатувачи што имаат сметки во други банки: со тие средства клиентите треба да можат да располагаат во целост. Народната банка претходно нагласи дека мерките се воведени за заштита на средствата и дека ограничувањата се однесуваат на начинот на располагање со нив.