ПРОМО

СРБИЈА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО ЗЕТОТ НА ТРАМП – Заврши проектот за луксузен комплекс на местото на Генералштабот во Белград

Владата на Србија официјално го раскина договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за проектот што предвидуваше изградба на луксузен деловен и станбен комплекс на местото на поранешниот Генералштаб во центарот на Белград.

Министерката за градежништво Александра Софронијевиќ потврди дека договорот за раскинување е потпишан и дека договорните страни немаат меѓусебни побарувања. Со ова формално е завршена постапката за прекинување на соработката.

Проектот претходно предизвика контроверзии поради статусот на Генералштабот како културно наследство и сомнежите за неправилности во постапките. Компанијата на Кушнер претходно најави повлекување од инвестицијата.