фото Pixabay

АФПЗРР: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува откупувачите на сончоглед кои имаат регистриран капацитет за откуп на сончоглед и извршиле откуп на сончоглед во период од 15 август до 30 ноември 2023 година, потребно е најдоцна до 15 март 2024 година до Агенцијата да достават податоци за извршениот откуп.

Согласно Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, корисници по подмерката 1.1. „Финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистриран капацитет за откуп директно или преку еден откупувач“ се членови или носители на земјоделски стопанства кои во производната 2023 година имаат засеани површини со сончоглед и се корисници на подмерката 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година а оствареното производство да е предадено во период од 15 август до 30 ноември 2023 година во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач.

Максималната количина на сончоглед која е прифатлива за финансиската поддршка е 2.500 килограми по пријавен хектар сончоглед по подмерката 1.1. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен тутун“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 5 денари по килограм.

Можеби ќе ве интересира...

Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

BiznisPRO

Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред Велигденските празници

BiznisPRO

Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 оризопроизводител

BiznisPRO