АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли.

Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни граѓаните во овој период од годината, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.

Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација

Кај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.

Можеби ќе ве интересира...

Во февруари: Годишен раст од 11,1% на вкупните депозити и од 11,5% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Најпосетуван град беше Дубровник: Хрватска во април забележа ПОМАЛКУ туристички пристигнувања од лани

BiznisPRO

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO