„Ако имав хипотека со оваа каматна стапка, ќе бев загрижен“

Светската банка ги предупреди земјите во развој дека високите трошоци за задолжување може драматично да влијаат на нивната способност да го поттикнат моментално слабиот економски раст.

Последното предупредување на финансиската институција доаѓа откако продажбата на меѓународни обврзници од владите на пазарите во развој достигна рекордни 47 милијарди долари во јануари.

Заменик-претседателот на Светската банка, Ајхан Косе, им порача на одредени земји дека, кога станува збор за задолжувањето, „сè е драматично променето и дека нивните економии мора да растат многу побрзо“.

„Да имав хипотека со камата од 10 отсто, ќе бев загрижен“, вели тој.

Косе додаде дека може да испадне дека побрзиот раст е недостижен.

Податоците објавени денеска од Институтот за меѓународни финансии покажуваат дека нивото на глобалниот долг ќе достигне нов рекорд од 313 трилиони долари во 2023 година.

Дополнително, соодносот на долгот и БДП, што укажува на способноста на една земја да ги отплати долговите, во земјите во развој, исто така, повторно нагло се зголеми, што изврши нов притисок врз таквите економии.

Светската банка во својот извештај објавен во јануари предупреди дека светската економија во периодот 2020-2024 година имала најслаби полудецениски перформанси во последните 30 години, дури и ако се избегне рецесија.

Во 2024 година, глобалниот раст се очекува да забави трета година по ред на 2,4 отсто, пред да достигне 2,7 отсто во 2025 година, што е сепак далеку под просекот од 3,1 отсто во 2010 година. покажа извештајот на Светска банка.

Можеби ќе ве интересира...

Ново изненадување на ранливите пазари: Утринава скокнаа цените на нафтата и пченицата

BiznisPRO

„Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 возила од патиштата во Кина

BiznisPRO

Наскоро во Германија големо зголемување на платите: Покачувања и до 500 евра, еве кој

BiznisPRO