• април 15, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата

Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5% и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

„Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба да реагираат на шокови коишто доаѓаат од страна на понудата, сепак дел од централните банки почнаа со намалување на приспособливиот карактер на монетарната политика, како ФЕД, Банката на Англија, Банката на Канада, некои од централните банки од Централна и Југоисточна Европа коишто имаат стратегии на целна инфлација и каде што инфлацијата повеќекратно ја надминува целта. Ова се прави имајќи предвид дека наместо очекуваното стабилизирање на цените на примарните производи, тие и натаму растат ‒ гасот 60%, нафтата 40%, пченицата 30%, поради новиот шок на страната на понудата. Ова упатува дека притисокот врз цените ќе трае подолго од првично очекуваното, со што може да има поизразено влијание врз инфлациските очекувања, како еден од факторите коишто влијаат врз инфлацијата, а на кои централните банки треба да реагираат“, вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна и дека тековната инфлација е глобален феномен ‒ тренд присутен кај сите економии без исклучок, и кај најразвиените, и кај економиите со пониско ниво на доход.

„Кај 60% од развиените економии инфлацијата е повисока од 5%, што е највисоко учество во последните четири декади. Кај повеќе од половината од економиите во развој е над 7%, што е највисоко учество во последните две декади. Овие трендови се присутни и во нашиот поблизок регион, каде што инфлацијата забрза мината година искачувајќи на 3,4% од 1,1%, а овој тренд позабрзано продолжува и оваа година кога достигнува 10%, кај нас 8,8%. Зошто дојде до овој инфлациски тренд? ‒ Анализите упатуваат на два клучни фактора ‒ растот на цените на примaрните производи и застоите во синџирите на снабдување коишто позначително ја намалуваат понудата, а во услови на солидно закрепнување на глобалната побарувачка што е резултат токму на силниот фискален и монетарен импулс, без кои ММФ проценува дека ефектот од пандемичната криза врз глобалната економија би бил посилен за трипати, а заздравувањето многу побавно“, вели гувернерката.
Гувернерката истакнува дека Народната банка ќе продолжи со редовно следење на сите најнови податоци од глобалното и домашното окружување и соодветно ќе реагира заради одржување на ценовната и воопшто, на макроекономската стабилност.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…