Највисоката бруто-месечна плата исплатена во Црна Гора лани изнесувала 127.820 евра.
Таа сума, која вклучува даноци и придонеси, била платена на државјанин на Азербејџан, вработен во областа на изнајмување сопствен или изнајмен недвижен имот, пренесува Инвеститор.
Тоа е 129 просечна бруто заработка од лани или 284 минимум. Според податоците на Монстат, на ниво од минатата година просечната бруто плата била 987 евра, додека минималната 450 евра.
Вработен во областа на монетарното посредување, односно банкарскиот сектор, минатата година земал втора највисока бруто плата во Црна Гора. Станува збор за црногорски државјанин на кој му биле исплатени 110.370 евра. На трето место по заработка лани е државјанин на Грција, кој е вработен во трговија на големо со горива. За еден месец му биле исплатени 109.280 евра.
На четврто место се најде уште еден државјанин на Азербејџан, кој исто така изнајмува недвижен имот со месечен приход од 108.220 евра.
На петто место е Австриец од областа на други забавни и рекреативни активности со месечни примања од 97.690 евра, додека на шесто е хотелиер, црногорски државјанин, со исплатена плата од 95.890 евра.
На седмо место лани бил државјанин на Црна Гора вработен во областа на монетарното посредување (банкарски сектор) со месечен приход од 95.670 евра.
Српски државјанин од хотелиерството лани за еден месец добил 92.900 евра. На деветтото место лани се најде црногорски државјанин кој се занимава со трговија на големо со парфимерија и козметички производи со месечен приход од 92.500 евра.
На десеттото место е австриски државјанин кој лани имал месечна плата од 92.360 евра.