Просечната бруто плата во Србија изнесува 148 илјади 428 динари

Во Србија просечната плата (бруто) пресметана за декември 2024 година изнесува 148.428 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 108.312 динари.

Растот на бруто-платата во периодот јануари-декември 2024 година во однос на истиот период лани номинално изнесува 14,2%, или реално 9,2%, додека просечната нето-плата номинално е зголемена за 14,1%, или реално за 9,1%.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за декември 2024 година е номинално повисока за 13,8%, а реално за 9,1%, додека просечната нето плата е номинално повисока за 13,9%, односно за 9,2% реално.

Просечната нето-плата за декември 2024 година изнесува 79.624 динари, што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведениот износ, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика.

Можеби ќе ве интересира...

Серија на популарните слатки се повлекуваат од пазарот во БиХ

BiznisPRO

Падна договор: Србија ќе има на располагање дополнителни количини природен гас од Русија

BiznisPRO

Лоши вести за љубителите на овој пијалок: Повлекуваат шишиња COCA-COLA и во Хрватска

BiznisPRO