Банката на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување готовина во странска валута

Банката на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување готовина во странска валута до 9 септември.

До наведениот датум, физичките лица можат да подигнат од банката најмногу 10.000 долари или противвредност на тој износ во евра.

Овие мерки остануваат на сила поради сегашните санкции против Руската Федерација, бидејќи на руските финансиски институции им е забрането да купуваат парични валути од западните земји, се вели во соопштението на Банката на Русија, пренесува Комерсант.

Корисниците сè уште можат да ги подигнат преостанатите средства од девизните сметки и депозити над наведениот износ, а истите ќе им бидат исплатени во рубли.

Банката на Русија соопшти дека до 9 септември нема да се вршат готовински плаќања во американски долари, евра, британски фунти или јапонски јени на странски правни лица во Руската Федерација. Правните лица резиденти во следните шест месеци ќе можат да добиваат готовина од своите сметки во наведените валути само за патни трошоци.

Можеби ќе ве интересира...

Откриена најголемата измама во кинеската историја

BiznisPRO

Падна договор договор меѓу Кина и членка на ЕУ: „Се движиме заедно“

BiznisPRO

Не се знае дали ќе има летови: Најавен штрајк на кабинскиот екипаж на Луфтанза

BiznisPRO